После тоа ќе се грееме на сонце?! Скопските топлани официјално имаат гас само за до утре

t

Државната компанија ЕСМ (Електрани на Македонија) вчера уверуваше дека на располагање има и гас и пари, како и дека нема да има никакви проблеми со греењето, но од компанијата не известија за нова склучена набавка на енергенсот, па не е јасно дали од утре топланите ќе имаат гориво за парното греење на скопјани, објави „Телма“.

Поради тоа што топланите немаат филтри, а гасот е достапен на пазарот, Министерството за животна средина деновиве му забрани на ЕСМ да користи мазут или дизел како гориво.

„Исток и Запад имаат а интегрирана дозвола тоа значи дека е издадена од Животна средина и имаат дозвола да греат со гас. Ако зборуваме за здравје на граѓаните да, и има гас и тоа јас го слушам, има“ рече министерот за животна средина Насер Нуредини.

Откако почна грејната сезона, ЕСМ, која ја презеде обврската зимава да ги грее скопските домаќинства во кои има парно греење, гас купуваше за кратки периоди од по две недели. Надлежните уверуваа дека ваквиот начин на набавка во моментов е подобар, со оглед на брзите и големи промени во цената на гасот на пазарот.

Жителите на скопските населби Чаир, Топанско Поле и Бутел кои се на мрежата за парно, пак, веќе неколку дена се без греење бидејќи топланата „Скопје Север“ нема пари за набавка на гас, а Инспекторатот за животна средина на Град Скопје ѝ забрани да користи мазут.

Во меѓувреме, ЕСМ се обидува да купи струја за првите четири дена од декември, пишува „Телма“. Засега нема одговор на прашањата за кого се прават овие набавки и како се одвива процесот, затоа што постојано во набавките се среќаваат имињата на едни исти фирми.

На берзите, повторно растат цените на струјата – мегават-час чини од 370 до 470 евра.

Со ваквите цени се поставува прашањето дали и натаму е поисплатливо да се купува струја, наместо да се направи обид да се вклучи ТЕЦ Неготино, која поради дефект сѐ уште е надвор од електричната мрежа, а тврдењата се дека следниот месец оваа централа ќе биде повторно во функција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ: Поради пукната цевка, блокот со кој…

Во текот на изминатиот период, како резултат…

Бислимоски: Државата можеше, ама не изгради големи…

Во 30 години независност Македонија како држава…

Испораките на руски гас во Кина ќе…

Русија и Кина разговараа за прашањето за…

Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…

Денови повторно е актуелна темата за законската…

Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…