Потенцијалниот кандидат за претседател на ВМРО: Уставните измени ќе бидат обврска и на идната влада
Преземената обврска од страна на актуелната власт за уставни измени тешко ќе биде исполнета од сегашното Собрание, но нема да заврши со мандатот на овој парламентарен состав туку ќе биде обврска и на идната влада што би била формирана по изборите, смета Александар Спасеновски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
– Независно како ќе тече расправата во Собранието, карактерот на преземената обврска од страна на власта не тера да заклучиме дека ова не е нешто кое ќе заврши со завршување на мандатот на Собранието, туку ова е обврска која ќе биде присутна и на идната Влада, а таа е тесно поврзана со процесот на евроинтеграцијата. Ова е реалноста, и на таквата реалност ќе мора да се прилагодат политичките лидери по избрите и по формирањето на новата влада, изјави Спасеновски во емисијата Клик плус на ТВ 21.
Според него, станува збор за исклучително тешка состојба во која се наоѓа државата. Од една страна се легитимните стравувања на граѓаните поврзанни со барањата кои би можеле да дојдат од офцијална Софија по усвојувањето на уставните измени, а од друга страна исполнувањето на стратешката цел за интеграција во ЕУ.
– Стравовите на граѓаните се сосема легитимни. Бугарија не е идеален сосед од скандинавски тип. Ние си имаме работа со политика на отворена конфронтација кон Репубика Македонија и постојано создавање на проблеми од страна Софија кон Скопје. Но, од друга страна имаме многу важна национална и државна цел – интегрирање во ЕУ. Не можеме да си дозволиме луксуз и на неодреденио време да го прекинеме процесот на евроинтеграции, бидејќи тоа е една од најважните национални и државни цели. Заради тоа, како мала држава која е упатена на соработка и својата политичка сила ја црпи од сојузништвата кои ги гради, сметам дека се многу важни досегашните гестови на поддршка за надминување на стравовите на граѓаните од сојузниците САД, СР Германија и ЕК, изјави Спасеновски.
Универзитетски професор Александар Спасеновски е еден од оние личности за кои се шпекулира дека се во најтесниот круг за избор на кандидат за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 Спасеновски ниту ја потврди ниту пак ја негираше оваа информација.
– Мислам дека е рано за каков било одговор. И тогаш има голем број на непознати со изборот, со карактерот, дали ќе се разделат и со ставот дека маглата не се расчистила, рано е да се даде одговор. Дали би прифатиле? Во оваа фаза не би можел да дадам изјава – вели Спасеновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…