Потпретседателот на бугарскиот парламент потврди дека новата власт има единствен став за Македонија
Потпретседателот на 47. Народно собрание на Бугарија и поранешен министер за надворешни работи Кристијан Вигенин на Фејсбук напиша дека коалицискиот договор за владеење меѓу „Промената продолжува“, БСП, „Има таков народ“ и Демократска Бугарија има јасен став за европската перспектива на Република Македонија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, тој пишува дека оваа тема останува еден од најголемите предизвици за Бугарија и бугарската влада во областа на надворешната и европската политика.
Според Вигенин, одржувањето на широк политички договор и соработка меѓу институциите во земјата е клучот за успешна одбрана на бугарскиот интерес. Тој смета дека Советодавниот совет за национална безбедност свикан од претседателот на Бугарија е добра можност да се добијат нови информации и да се споделат политичките ставови за следните чекори.
На крајот од својот пост, Вигенин заклучи дека секој збор е важен, и затоа се надева дека импровизираните изјави во оваа фаза ќе бидат сведени на минимум за да не се создаде лажна претстава за пукнатини во позицијата на Бугарија или меѓу коалиционите партнери
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…
Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…
Ужас во Тузла: 15-годишна ученичка со нож…
Во основно училиште во Тузла, утрово 15-годишно…
Ел Нињо се враќа: Македонија и регионот…
Ел Нињо се буди во Пацификот и…
Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не…
Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил, кој денеска…