Почесниот конзул на Косово повикан во полициска станица
Почесен конзул на Косово во Македонија и познат бизнисмен, Арсим Папранику, во моментов се наоѓа во полициската станица Карпош, каде дава исказ во врска со истрагата за махинации во Државната лотарија. Во случајот е поврзан и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој се бара од полицијата.
Тој беше идентификуван како бизнисменот кој со своето возило со дипломатски таблички го превезол Артан Груби до Косово, непосредно пред започнувањето на полициската акција.
Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи објави потерница за поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување во процесот на доделување на јавни набавки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…