Објавено на:

Почина актерката од „Ургентен центар“, ја загуби битката со ракот

t

Џосара Џинаро, актерката позната на јавноста по улогата во серијата „Ургентен центар“ (ЕР), почина на 48-годишна возраст по долга и тешка борба со ракот. Тажната веста ја потврди и нејзиниот сопруг на нејзината официјална страница на Фејсбук.
„Со голема тага објавувам дека мојата сопруга Џосара Џинаро почина на овој датум, 27 април 2022 година. Џосара храбро се бореше со ракот и се врати дома за да биде опкружена со семејството. Џосара беше неверојатна сопруга, мајка, уметница и пријателка. Имаше најубава, љубезна душа и не прифати „не“ како одговор. Дури и во последните моменти, таа сѐ уште се бореше. Таа сега почива во мир и засекогаш ќе биде запаметена. Мене, на Лиам и Емрис ќе ни недостасува многу, иако знаеме дека е во нашите срца и дека нѐ води на секој чекор“, се наведува во трогателната објава.
Џосара имаше богата и долга холивудска кариера. Таа глумеше во различни телевизиски серии како што се „Ургентен центар“, „Судејќи ја Ејми“, „Силен лек“ и други.

Таа пораснала во Колумбија и била посвоена ќерка на дипломат. Откако герилците го зеле нејзниот татко како заложник, таа со семејството се преселила во Америка.

На 16 години го потпишала својот прв договор со агентот, а потоа следувала улогата на Вирџинија Бустос во серијата „Вива Вегас“. Џосаро дебитирала во серијата „Судејќи ја Ејми“, а потоа станала една од омилените ѕвезди од серијалот „Ургентен центар“.

Нејзината улога во филмот „Страсти“ беше номинирана за наградата ГЛААД во 2006 година. Џосаро се врати во Колумбија во 2009 година и почна да се занимава со продуцентска работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата Франциск: Мировни преговори во Украина и…

Папата Франциск апелираше да започнат мировни преговори…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Нигерија: Над 100 затвореници избегаа откако дождовите…

Најмалку 118 затвореници побегнаа од затвор откако…

Путин: Руската економија динамично расте

Рускиот БДП продолжува да покажува позитивни стапки…

НОВО ОТКРИТИЕ ЗА МАСАКРОТ ВО МОСКВА: Вака…

Според последните податоци, 145 лица загинаа во…