ПОЧНАА ГУЖВИТЕ НА БОГОРОДИЦА И НА ТАБАНОВЦЕ – За влез се чека повеќе од еден час

t

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Табановце и Богородица, од македонска страна има задржување за влез во државата, времето на чекање е повеќе од еден час.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања, соопшти вечерва АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…

Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…

САД и Кина се договорија да ги…

САД и Кина се договорија да ги…

Денес се празнува Крстовден – Воздвижение на…

На овој ден се празнуваат два настани…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе…

Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…

Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…