По вчерашните инциденти студентите во Нови Сад започнуваат со бојкот на наставата

t

Студентите од Нови Сад одржаа пленум по вчерашната полициска бруталност врз студентите и професорите на Филозофскиот факултет.

„Во наш интерес е да полагаме испити и да дипломираме на нашите факултети, но не по секоја цена, и затоа повторно застануваме. Знаеме дека една година од нашата блокада не им значи ништо, и во таа смисла, оваа блокада не е идеја или цел кон која одиме, туку идеја дека на Универзитетот во Нови Сад нема предавања додека вработените се третираат вака, додека се кршат прописите и процедурите – некој мора да застане во одбрана на Универзитетот во Нови Сад, но и на сите други“, изјави студентот Борис Којчиновиќ за Н1.

Во 17 часот, студентите повторно ќе се соберат пред Филозофскиот факултет, а акциите, како што вели Којчиновиќ, нема да се одржат само на Филозофскиот факултет, туку и на други факултети во Нови Сад.

Патем, неколку стотици полицајци во опрема за нереди и со употреба на сила вчера ги избркаа студентите и вработените на Филозофскиот факултет во Нови Сад, кои ја блокираа зградата на таа високообразовна институција.

Од утрово, Филозофскиот факултет во Нови Сад е мирен, а мал број полициски сили се наоѓаат пред зградата на факултетот.

Вознемирувачки видеа од Србија: Полицајци пукаа носови, кршеа ребра, тепаа и жени на Филозофскиот факултет

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…