По повеќе од две години Италија ја укинува вонредната состојба

t

Драги ветил постепено враќање во нормален живот по повеќе од две години здравствена криза, наведува “Reuters”.

Италијанскиот премиер Марио Драги најавил дека неговата влада на 31-ви март ќе ја укине вонредната состојба, која била воведена во текот на пандемијата.

Тој ветил постепено враќање во нормален живот по повеќе од две години здравствена криза, наведува “Reuters”.

„Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата со пандемијата, подготвени сме да интервенираме во случај на раст на бројот на случаите. Но, нашата цел е целосно отворање, што е можно побрзо“, рекол Драги во својот говор во Фиренца.

Вонредната состојба во Италија за прв пат е воведена на 31-ви јануари 2020-та година, и од тогаш била обновувана неколку пати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…

Италија и Шпанија денеска се согласија да…

(Видео) Протестите во Италија ескалираа – владата…

Италијанската влада ќе испрати 500 армиски војници…

(Видео) Насилни протести во Италија: полицијата употреби…

Италијанската полиција употреби солзавец против демонстрантите во…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

Хаос во Италија поради одлуката на синџир…

Одлуката на енергетскиот гигант Ени предизвика голема…