Прегазено дете во Неготино, со тешки повреди пренесено на скопските клиники
Во Неготино на главната улица „Маршал Тито” повторно е прегазено дете, кое со тешки телесни повреди е пренесено на скопските клиники и веднаш е препратено на операција.
Настанот се случил околу 18.30 часот, кога 11-годишното момче заедно со другарче ја преминувало улицата, на место кое е доста раздвижено бидејќи околу има повеќе маркети и продавници.
-Син ми заедно со другарче ја преминувал улицата кога жената го удрила со возилото. Го ставила во кола, и наместо во болница, со сите тешки и очигледни повреди, тргнала да го носи кај нас дома. Ми се јави телефонски, и кажав дека тргам кон итната помош во градот, и нема што да бара дома кај нас. Но, сепак, таа запрела попат, и му рекла на син ми да излезе од возилото за да види дали може да оди, вели мајката на момчето за Фокус.
На истата улица, каде е прегазено момчето, и пред неколку недели беше прегазено девојче на иста возраст и тоа на околу десеттина метри од пешачкиот премин. Во тек на летниот период на оваа улица, каде е доста фрекфентно, но и се вози бргу, се случија десетици на сообраќајни незгоди. Во тек на ноќните часови пак, редовни се трките со автомобили и мотори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии…
Околу четири милиони луѓе се приклучиле на…
Мицкоски за буџетите на судството и обвинителството…
Владата не може да ги обезбеди законски…
КАН: Израелскиот кабинет ѝ наложил на армијата…
Израелскиот политичко-безбедносен кабинет ѝ наложил на армијата…
Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот…
Во гостувањето во Тема на денот во…
Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа…