Претседателката кај пожарите на Серта: Кога ќе престанат огновите, веднаш да го препрочитаме Законот за управување со кризите
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова бара веднаш да се препрочита Законот за управување со кризи и целосно преиспитување на организацијата внатре, со цел подобро и полесно справување со пожарите кои речиси секое лето ја зафаќаат државата.
Таа е уверена во способноста на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и неговиот тим, како и во подготвеноста на војниците и пожарникарите.
– Го слушав Стојанче и неговите предупредувања, мирна сум знаејќи дека генералот зад мене ќе ја преземе командата со војниците. Знаеме дека се работи за врвно едуцирани пилоти, не само вешти, туку и пожртвувани и храбри. Се молам да падне дожд, врвен експерт за климатски промени ми рече дека може да очекуваме дожд, не дека тоа ќе ја реши ситуацијата. Но, таму каде е најопасно имаме луѓе. Местото на претседателката како врховна командантка е таму каде што има припадници на војската. Утрово рано ја потпишав Одлуката, верувам во нивната способност зашто секогаш кога било најтешко тие се наоѓале на вистинското место. Сe зголемува бројот и можностите за ангажман. Јасно ми е зошто е сонцето на нашето знаме, не е само нашата Република во пламен, сиот Балкан е во пламен, рече Сиљановска Давкова во посета на припадниците на Армијата вклучени во гаснењето на големиот шумски пожар на планината Серта кај неготинското село Калањево.
Претпладнево, со Одлука на Сиљановска – Давкова, ангажирани се дополнителни 200 припадници на Армијата за гаснењето на пожарите, со што вкупниот број на ангажирани армиски припадници е 300. Заедно со досегашните 100 припадници, кои се ангажирани од почетокот на прогласување на кризната состојба, дополнителните сили ќе извршуваат активности на локации каде ќе има потреба и кои ќе им бидат доделени од страна на Центарот за управување со кризи, кој е надлежен за координација на сите вклучени институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…
Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…
Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…
Во мај пријавени се три случаи потврдени…
Во текот на мај, во државава пријавени…
Почина новинарот Владимир Лапе
По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…
Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…