Објавено на:

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на колегата полицаец

t

На 01.04.2026 полициски службеници го приведоа С.Р. (45), вработен во Секторот за општи и заеднички работи на МВР.

При вршење на физичка регулација на сообраќајот на крстосницата од ул. „Јордан Мијалков“ со ул. „Димче Мирчев“ во Скопје, полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило „мерцедес“, управувано од С.Р., кој се движел во спротивна насока и воедно претекнувал колона на возила.

Откако му бил побаран документ за идентификација, С.Р. се претставил дека е вработен во МВР и рекол дека нема лична карта, по што почнал агресивно да се однесува и да му се заканува на полицискиот службеник.

Од страна на полицискиот службеник, С.Р. е приведен и известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, по што му се поднесени соодветни поднесоци по член 23, став 3, член 54, став 3 и член 86, став 8 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и Член 15 став 2 од Законот за лична карта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…

Со цел да не се шират шпекулации…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…

Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…

Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…

Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…