Приведен тетовец: Нелегално реемитувал телевизиски канали
Полициски службеници од СВР Тетово денеска (5 март) околу 15 часот и 50 минути го лишиле од слобода 56-годишниот тетовец Ѓ.Т., по претходно добиени сознанија дека препродавал, односно реемитувал ТВ-канали без потребната лиценца на заинтересирани поединци и им наплаќал паричен надоместок.
При претрес во домот на Ѓ.Т., извршен со судска наредба, биле пронајдени и со потврда одземени: 11 дримбоксови, 3 компјутерски куќишта, пиштол “ТТ” со рамка и 124 куршуми калибар 7, 62 милиметри, ловечка пушка “дамас” со 45 куршуми калибар 12 милиметри, 2 мобилни телефони….Тој е задржан во ПС Тетово и во координација со Јавен обвинител ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…
Полицијата во периодот од 24 до 26…
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…
Странските државјани кои со возила со странски…
