Приведен 72-годишен демиркапиец за вознемирување малолетничка

t

Демиркапиец на возраст од 72 години бил приведен во полиција, по пријава дека вознемирил малолетничка, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

„Синоќа во 21.50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.П., постапувајќи по пријава од Ф.М.(43) од демиркаписко село. Според пријавеното, во Демир Капија, неговата малолетна ќерка истиот ден била запрена од М.П., кој откако ја сопрел, почнал да ѝ упатува прашања и понуда за во ресторан. Откако малолетничката одбила, ѝ рекол дека повторно ќе ја побара. Од тоа, таа се вознемирила и исплашила“, појаснуваат од СВР Велес.

Извршен бил разговор со малолетничката во присуство на родителот и претставник од Центарот за социјални работи Неготино.

„М.П. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од СВР Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…