Привремено затворен преминот Неготино поради работа на пругата Велес-Гевгелија
Патниот премин Неготино времено ќе биде затворен поради изведување работи на железничката пруга Велес-Гевгелија, информираше неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Тој соопшти дека во тек е ремонт на железничката пруга Велес-Гевгелија, делница Ногаевци-Неготино.
Стојанов додаде дека во рамките на овој ремонт се предвидува инсталација на гумени елементи на три патни премини на територија на општина Неготино и појасни дека за непречено извршување на градежните работи, потребно е целосно затворање на три патни премини.
– Патен премин на км.548+687 (Криволак), почеток на 28 март во 9.20 часот и крај на 29 март во 17.20 часот. Патен премин на км.537+114 (Кукуричани – влез во станица Кукуричани, правец на железничка пруга Велес-Гевгелија), почеток на 29 март во 9.20 часот и крај на 30 март во 17.20 часот. Патен премин на км.536+301 (Кукуричани – 813м пред патен премин на км.537+114, правец на железничка пруга Велес-Гевгелија ), почеток 30 март во 9.20 часот и крај на 31 март во 17.20 часот, информираше Стојанов, истакнувајќи дека информацијата се однесува на локалното население и претпријатијата, што ги користат овие патни премини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заматена водата за пиење во Кавадарци и…
Заматена е водата за пиење во Кавадарци…
Две измами во ист ден во Неготино…
Во две успешни измами извршени во ист…
Вчера шест обиди за измами со лажни…
На 17.02.2026 во СВР Велес биле пријавени…
Четири лица од Неготино силувале малолетно девојче
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци…
ХОРОР! Двајца мажи во Неготино имале геј-оргија,…
Пријава против две лица поради тешки кривични…