Притвор за 14 лица уапсени во вчерашната голема акција на МВР и ОЈОГОКК, куќен притвор за едно лице
По големата акција на МВР и ОЈОГОКК во текот на вчерашниот ден во која беа приведени 15 лица од Арачиново, Сингелиќ и неколку скопски општини поради Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, петмина за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл. 396 ст.3 вв ст.2 од Кривичниот законик.
Од Обвинителството информираат дека на 14 лица им е одредена мерка притвор, додека на едно лице мерка куќен протвор.
-Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доцна синојќа за 14 осомничени ги прифатија предлозите на обвинителството и со Решение им определија мерка притвор во траење од 30 дена, додека на едно лице поради здравствена состојба му е определена мерка куќен притвор. Денеска ќе биде определен притвор за трите лица што се недостапни на органите на прогонот и кој ќе се изврши од моментот на нивното пронаоѓање, соопштуваат од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…
Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…