Продадени два стана од одземениот имот на Никола Груевски
Продаден е дел од одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој беше ставен на продажба како дел од извршната постапка во случајот „Плацеви на Водно“.
Како што потврдуваат од Агенцијата за управување со одземен имот за „Фокус“, успешно се продадени двата стана на улицата Бихаќка, додека за трите станови во елитниот комплекс „Панорама“ на Водно, наддавањето сè уште не е завршено.
Поголемиот стан, со површина од 57 квадратни метри, беше понуден по почетна цена од 63.000 евра, но достигна цена од дури 131.186 евра. Помалиот стан, од 38 квадрати, се продаваше за 44.000 евра, а конечно беше продаден за 90.016 евра.
Идентитетот на купувачот или купувачите засега не е јавно објавен.
Имотот на Груевски беше одземен како дел од судската пресуда во предметот „Плацеви на Водно“, каде што тој беше осуден на ефективна затворска казна за перење пари и нелегално стекнување на недвижен имот преку трети лица. Продажбата на имотот се врши со цел надоместување на штетата направена врз буџетот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов удар за возачите во Германија: Горивото…
Горивото во Германија повторно поскапува, а најголем…
Ангелов за пожарот кај Градско: „Некој намерно…
Директорот на Центарот за управување со кризи,…
Денеска сончево и топло со температури од…
Управата за хидрометеоролошки работи за денеска објави…
Mаскирани демонстранти против имиграцијата ги блокираа патиштата…
Британската влада ги осуди блокадите на пристаништето…
ОН предупреди: „Светот е во опасна зона“…
Глобалниот атмосферско-океански феномен Ел Нињо се очекува…