Професорот Јовевски: Не може правото на протест да го ограничува правото на слобода на движење!

t

МАКЕДОНСКА МЕРА- MACEDONIKUM ADMODUM

Тема: Живот низ блокади

Јас не знам дали Ленин е близок со „Овој“ или „Оној“, ниту пак ме интересира, ниту знам дали Данела е суетна, или е многу фина, но и тоа не ме интересира, ниту пак сакам да знам кој повеќе вреќи сол може да изеде!? Но две работи знам!
Правото на протест (кое е уставно гарантирано право) на граѓаните не може да го ограничува правото на слобода на движење (кое исто така е уставно загарантирано право) на граѓаните! И второ, согласно Законот за јавни собири, МВР има право да го забрани или ограничи правото на протест ако се исполнети одредени услови. Во овој случај условите се исполнети, а тоа е повреда на правата и интересите на поголема група на граѓани.

Логично, се поставува прашањето зошто МВР ништо не презема??? Кој ќе ја нодмести штетата согласно членот 7 од Законот? Зошто согласно членот 4 не се гарантира нормално одвивање на сообраќајот? Одговорот нека го бара секој од вас, но тоа што загрижува е дека овој начин на нефункционирање на системот е на штета на секој граѓанин и не е согласно Македонската мера на граѓанско живеење!

Не може правото на еден да биде неправо за друг!

проф. д-р Лазар Јовевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карни ја поддржа идејата за средба на…

Канадскиот премиер Марк Карни во средата даде…

Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…

Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…

Франција потврди присуство на свои војници во…

Француски воени припадници веќе неколку месеци се…

Иран тврди дека има загинати и ранети…

Иранските сили извршиле напади со беспилотни летала…

Нови детали за акцијата на МВР и…

Еврејски бизнисмен, кој работи во голема грчка…