Публиката во транс: Македонија ја растури Бугарија!
Македонската репрезентација за кошаркари до 20 години како првопласирана го продолжува настапот во нокаут-фазата од Европското првенство (ЕП), дивизија Б, во Скопје, откако вечерва, во клучната пресметка пред до крај исполнетите трибини во СРЦ „Кале“, ја совладаа селекцијата на Бугарија (83-54).
Жолто-црвените младинци одиграа фантастично кога беше најпотребно и покажаа дека имаат квалитет да се замешаат во борбата за еден од медалите, кои гарантираат промоција во европската елита. Неизвесноста на средбата траеше до средина на вториот период, кога по неколку промени на водството на семафарот стоеше резултатот 25-25. Од тој момент па во следните десетина минути, избраниците на селекторот Никола Василев играа како машини, што резултира со серија 30-11 и повеќе од убедливо водство (55-36), кое потоа умешно беше одржано до крајот.
На Македонија ѝ требаше триумф од најмалку четири поени разлика за пласман во следната рунда, а со најмалку плус девет за првото место, но на крајот немаше воопшто грижи бидејќи посакуваната цел беше остварена далеку пред последниот звук на сирената. Теодор Симиќ со 21 поен и осум скока беше најпрецизен во македонската репрезентација, додека зад него беа Андреј Митревски со 19 поени и Марин Петков со 11 поени.
Пласманот во следниот круг сега треба само да биде заверен на утрешната средба против Ирска (18.30 часот), што и не треба да биде преголем проблем со оглед на големата разлика во квалитет помеѓу двете селекции.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со…
Еден тон подмладок од крап денес е…
76-годишник удрил пешак па избегал, но набргу…
На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР…
16-годишна малолетничка ги пријавила родителите за семејно…
Полицијата извршила службен разговор со 53-годишен маж…
Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…
Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…
Општина Гевгелија доби ново амбулантно возило
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион…