ПУКАЊЕ ВО СТРУГА: Едно лице е тешко повредено и во болница!
На 16.09.2025 во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.К.(29) од Струга и на 17.09.2025 околу 11:00 часот го лишија од слобода Л.К.(34) од струшкото село Велешта во врска со кривично дело „убиство“ во обид по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Тие, претходно на улица „ЈНА“ во Струга, со метални предмети ги нападнале Б.А.(52) и 17-годишно лице, двајцата од дебарското село Џепиште, по што Л.К. со пиштол испукал неколку куршуми кон Б.А. и избегал.
По преземени мерки, двајцата се пронајдени и лишени од слобода. Повредениот, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Општата болница во Струга каде се констатирани тешки телесни повреди. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга
Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга,…
Драма во скопско Шишево: Пукал кон соселанин,…
Жител на скопското село Шишево е приведен…
Израел уби висок генерал на либанската армија
Израелската војска тврди дека возилото влегло во…
Гаши во Струга: Проширувањето на ЕУ е…
Проширувањето на Европската Унија претставува една од…
Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…
Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…