Објавено на:

Путин планира да ја интензивира својата војна против Украина и би можел да повика на општа мобилизација во Русија

t

Владимир Путин планира да ја интензивира својата војна против Украина и би можел да повика на општа мобилизација во Русија откако ќе победи на претседателските избори во 2024 година.

Во меѓувреме, низ целата земја расте гневот меѓу членовите на семејствата на руските војници – десетици илјади мајки и сопруги потпишаа петиција со која бараат нивните насилно мобилизирани синови и партнери да се вратат дома, а многу од нив излегоа на улиците да протестираат против Путин, кој пак, сака со сите сили да ги замолчи, за да не ги загрозат претстојните избори.

Неговата параноја дополнително се зголемува со свеста дека токму бунтот предводен од мајките на војниците резултираше со крајот на советската окупација во Авганистан во 1979 година и го забрза распадот на СССР.

Токму поради ова, Путин им нареди на сите негови регионални функционери и тајни служби по секоја цена да го искоренат „антивоеното несогласување“.

– Секој уличен протест треба да се прекине – изјави еден извор од регионалната власт.

Организаторите на протестите редовно се контактирани од озлогласената служба за безбедност FSC и им се закануваат со санкции доколку продолжат со активности за кои властите стравуваат дека би можеле да излезат од контрола.

Доколку победи на изборите, рускиот диктатор ќе може да остане на власт до 2030 година, што исто така ќе му даде одврзана рака да воведе воена служба низ целата земја, пишува Дејли мејл.

А Украина најмногу се плаши од тоа.

Олексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина (НСДЦ), неодамна изјави дека „Русија е целосно посветена на својата цел, а тоа е уништување на Украина како нација“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…