Рама ги отфрли информациите дека Палестинци ќе се сместуваат во Албанија

t

Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли зачестените информации дека во Албанија ќе бидат сместени Палестинци, одговарајќи на прашање на граѓанин во неговиот поткаст “Очи во очи”.

На прашањето дали се вистинити информациите за доаѓањето на Палестинците во Албанија, по иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за нивно раселување, Рама го отфрли тврдењето, нарекувајќи го трик од „мочуриштето“, имплицирајќи дека тоа е лага на опозицијата.

– Значи, дојде глас од мочуриштето, не, тоа не е вистина, трик што го фати својот пат како што обично прават трикови. Кога вистината сè уште не ги облекла панталоните, лагата го обиколи светот, ова е денес нашата реалност и секојдневие, рече Рама.

Сето тоа, додаде ” благодарение на мочуриштето” алудирајќи на опозицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вештачка интелигенција испратила лажна дојава за убиство…

Моделот за вештачка интелигенција Клод на компанијата…

Масакр во Пенсилванија: Деветмина загинаа, меѓу нив…

Во масовно пукање во градот Ири, во…

Москва ја поздрави пораката на Трамп за…

Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин…

По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…

Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…

Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива

Папата Лав XIV повторно се изјасни против…