Рама за Ал Џезира: Не се плашиме од Русија, Москва нема да нападне ниту една земја-членка на НАТО
Албанскиот премиер Еди Рама во интервју Ал Џезира се осврна на случувањата во Европа, војната во Украина и можноста за руски напад врз земјите-членки на НАТО, при што нагласи дека НАТО е подготвено за каква било руска агресија.
Тој додаде дека таков напад не е многу можен, не само против земјите од Европската Унија, туку и против Албанија.
– Русија нема да ја нападне Албанија и нема да нападне ниту една друга европска земја. НАТО е подготвен за секаков вид агресија, бидејќи е убедливо најсилната армија во светот. Европската Унија е многу провоцирана од Русија и се брани, изјави Рама, пренесуваат албанските медиуми.
Рама упати критики до ЕУ и нејзините 27 земји членки, за која смета дека требало да има план за мир во Украина.
– Фактот што ЕУ нема мировен план ми се чини многу чуден. Треба да размисли за спроведување на својата дипломатија во акција за да ја промовира својата визија за мир. Функционерите на ЕУ треба да најдат начин да разговараат со Русите, вели албанскиот премиер.
Дополнително, тој нагласи дека Албанија не чувствува никаков притисок од Русија и додаде дека во неговата земја нема никакви симпатии кон Москва.
– Не сме пријавиле никакви инциденти со руски беспилотни летала. Јас сум Албанец, не се плашиме. Нема место за руско непријателство во Албанија, бидејќи нема ниту симпатии кон Русија, оцени Рама за Ал Џезира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…
(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент
За време на денешната седница албанскиот парламент…
Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…
Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…
„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…
НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…