Објавено на:

Распишана потерница за братот на Алексеј Навални

t

По братот на Алексеј Навални е распишана потерница, објави руската државна новинска агенција ТАСС. Соопштено е дека против Олег Навални е отворена нова кривична постапка и дека руските власти трагаат по него.

Во 2021 година, Олег беше осуден на условна казна од една година затвор за кршење на ограничувањата за ковид. Тој беше осуден затоа што во јануари 2021 година ги повика Русите на социјалните мрежи да учествуваат на митинг за Алексеј.

Обвинителите тврдеа дека собирот е прекршување на санитарните и епидемиолошките правила, што можело да доведе до ширење на болеста. Олег отпатувал за Кипар истата година и никогаш не се вратил во Русија, според извештаите.

Алексеј Навални почина во петокот во регионот Јамало-Ненец на далечниот руски север, каде одлежа 19-годишна затворска казна за измама, непочитување на судот и кршење на условната казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран тврди дека има загинати и ранети…

Иранските сили извршиле напади со беспилотни летала…

Нови детали за акцијата на МВР и…

Еврејски бизнисмен, кој работи во голема грчка…

Полска спречила можна руска провокација кај границата…

Полските безбедносни служби спречиле можна провокација на…

Главниот товар на истрагата го имаа безбедносните…

Овој случај уште еднаш покажува колку е…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта…

„СДС ја побара надзорната расправа за Алта…