Регистриран првиот случај на мајмунски сипаници во Полска
Полска потврди дека го регистрирала првиот случај на мајмунски сипаници, јави денеска агенцијата ПАП, цитирајќи го министерот за здравство Адам Ниџиелски.
Според Светската здравствена организација (СЗО), досега се пријавени повеќе од 1.000 случаи на мајмунски сипаници надвор од африканските земји, каде што болеста е почеста, пренесува Ројтерс.
Случаи на инфекција со вирусот на мајмунски сипаници одеднаш се откриени во повеќе од 20 земји ширум светот, вклучувајќи ги САД, Австралија, Обединетите Арапски Емирати и речиси десетина други земји од ЕУ.
Португалија, пак, регистрирала 74 случаи, соопштија вчера здравствените власти на земјата, додавајќи дека сите инфекции се откриени кај мажи, главно на возраст под 40 години.
Во Грција е откриен прв случај на кај еден патник, покажуваат резултатите од првичните тестови, соопшти Националната здравствена служба.
Пациентот кој неодамна отпатувал за Португалија е во болница и е во стабилна состојба, се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автобус од Полска излета од пат во…
Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се…
Туск: Полска не сака војна, но ја…
Полска не сака нови битки и се…
Полска спречи атентат врз американско-украински државјанин, Туск…
Полскиот премиер Доналд Туск денеска соопшти дека…
Полска стана шеста економска сила во ЕУ,…
Полската економија станува се позначајна во Европската…
Туск: Полска не беше цел на објектот…
Полска не била цел на ракетата за…