Ристовски со честитки за РК Вардар за новата титула во Супер Купот: Остануваме силен партнер и поддржувач на македонскиот ракомет
Министерот за спорт Борко Ристовски вечерва присуствуваше на 9. издание на Ракометниот Супер Куп на Македонија, што се одржа во Гевгелија, во организација на Ракометната федерација на Македонија.
Во натпреварот за првиот трофеј во новата ракометна сезона силите ги одмерија актуелниот шампион РК Вардар и финалистот во Купот на Македонија, РК Охрид.
РК Вардар ја потврди шампионската форма и со победата над РК Охрид во неизвесен дуел ја освои петтата титула во Супер Купот на Македонија. За вардарци ова е прв трофеј во новата сезона и продолжение на успешната традиција на клубот во ова натпреварување.
Двојниот европски првак воедно е и најуспешниот клуб во историјата на Супер Купот.
„Честитки за РК Вардар за заслужената победа и за освоениот петти трофеј во Супер Купот. Ова е одличен почеток на новата сезона и потврда за квалитетот и победничкиот карактер на тимот. На вардарци им посакувам успешна сезона како на домашната, така и на европската сцена во Лигата на шампионите. Честитки и за РК Охрид за прикажаната борбеност и одличниот натпревар. Верувам дека и оваа сезона ќе донесе квалитетен и конкурентен македонски ракомет“ – изјави министерот за спорт Борко Ристовски.
Министерството за спорт останува силен партнер и поддржувач на македонскиот ракомет и на сите спортски колективи кои придонесуваат за развојот и афирмацијата на македонскиот спорт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чупиќ: Некои не се свесни што значи…
Вардар го очекува првиот домашен натпревар во…
Тело на 83-годишен скопјанец извлечено од Вардар
Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во…
Шкендија го совлада Вардар во Скопје
Дерби дуелот од 2.коло во Првата македонска…
ФК Шкендија е казнет со 30.000 евра…
Клубот ФК Шкендија е казнет со 30.000…
Борко Ристовски за Миленко: Ако човек во…
По прозивките од директорот на ФК Вардар,…