Руската ПВО собори дрон во близина на авиобазата Енгелс

t

Москва тврди дека руската противвоздушна одбрана соборила дрон во близина на авиобазата Енгелс.

-Системот за противвоздушна одбрана собори беспилотно летало во регионот на Енгелс, изјави регионалниот гувернер Роман Бусаргин.

Тој додаде дека остатоци од дронот оштетиле станбена зграда, но нема информации за евентуално повредени лица.

Москва третпат тврди дека е нападната авиобазата Енгелс, што е лоцирана во близина на украинската граница. Базата Енгелс е една од двете во кои се сместени руските авионуклеарни сили. Според Русија во нападите врз базата Енгелс загинале најмалку шест војници.

Украина досега нема преземено одговорност за нападите врз Русија, но ги нарече карма. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се братот на Давор Мацура и…

Уапсени се Дубравко Мацура, брат на сопственикот…

„ПЛАТАТА МИ ТРАЕ ДО 15-ТИ ВО МЕСЕЦОТ“:…

Во Грција од утринава фериботските линии до…

Од вечерва нагло влошување на времето –…

Студен бран со обилни врнежи од дожд…

Целеска: Алта банка е солвентна, ликвидна и…

Алта банка е солвентна, банката е ликвидна…

Кривична пријава против Вучиќ и Брнабиќ поради…

Пензионираниот главен даночен инспектор Душко Вуксановиќ денеска…