Објавено на:

Руски циркуз: Лав му ги зарил канџите и забите, стана како ништо да не било

t

Познатиот руски циркузант Алексеј Макаренко (42) за малку не бил убиен од лав на сцената кога тој скокнал врз него и му ги ги зарил забите и канџите за време на настап во Сочи.

Непријатната сцена се случила пред деца и публиката се исплашила кога сфатиле дека тоа не е дел од поентата.

Олга Борисова, сопругата на Алексеј, ја спречи трагедијата. Нападот се случил кога два лава почнале да се караат за време на настап.

Макаренко се обидел да ја прекине тепачката, а потоа го нападнал трет лав. Како што можете да видите на видеото, разбеснетиот лав скокнал врз човекот и го соборил на подот.

Неговата сопруга истрчала и го удрила животното со камшик. Работниците веднаш ги исклучиле светлата за публиката да не ја види грозоморната сцена. После тоа биле активирани водени топови и специјални звуци за смирување на ѕверовите. Алексеј станал и се поклонил на публиката со сопругата како ништо да не се случило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…