Русковска потврди суспендирана е од работното место!

t

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за МИА потврди дека е суспендирана од функцијата.

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, како што претходно денеска информираа од Јавното обвинителство, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донел Решение за оддалечување од функцијата на еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против него.

Републичкиот јавен обвинител, се вели во соопштението од ЈОРМ, поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда.

– Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ален Рустемовски по Европското првенство: Најдоброто допрва…

Боксерот Ален Рустемовски се огласи на социјалните…

Америка објави „докази“ за постоењето на митското…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави доверливи…

(Видео) Илјадници граѓани во Загреб му оддадоа…

Илјадници граѓани вечерва се собраа во Загреб…

Над 27.000 домаќинства иселени присилно во Германија…

Во Германија минатата година биле спроведени 27.446…

Тешка сообраќајна несреќа во БиХ: Се судриле…

Едно лице загинало во тешка сообраќајна несреќа…