Објавено на:

РФМ ќе ги казни и Еурофарм Пелистер и Вардар со парична казна и по два натпревари без публика

t

Надлежната комисија при Ракометната федерација на Македонија денес ги изрече казните за вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер поради инцидентите кои ги предизвикаа нивните навивачи на неодамнешното дерби во Скопје.

Вардар следните два натпревара на домашен терен ќе ги игра без присуство на публика и ќе треба да плати парична каза во висина од 150.000 денари.

Исто таква парична казна ќе треба да плати и Еурофарм Пелистер.

Казните за двата македонски ракометни великана се поради прекинот на дербито одиграно на 26 март. Во 16 минута, по влегувањето на гостинските навивачи во салата „Јане Сандански“ почнаа со факели да фрлаат кон домашната публика, а навивачи на Вардар се симнаа на теренот и тргнаа да се пресметуваат со битолчаните при тоа фрлајќи кон нив тврди предмети. По петнаесетина минути ситуацијата се смири и натпреварот продолжи. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: Потрага по исчезнатото лице крај Вардар…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) активира…

Продолжува битката со огнот во Националниот парк…

Следи уште една пеколна и долга ноќ…

Чупиќ: Некои не се свесни што значи…

Вардар го очекува првиот домашен натпревар во…

Тело на 83-годишен скопјанец извлечено од Вардар

Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во…

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро,…

Во тек е спасувачка акција на повредено…