Објавено на:

САД произведуваат повеќе нафта од која било земја во историјата – Доминираа во 2023 година!

t

Најголем производител на нафта во светот во 2023 година се Соединетите Американски Држави, а потоа следат Саудиска Арабија, Русија, Канада и Ирак.

Соединетите држави сега произведуваат повеќе од 13 милиони барели на ден (bpd) сурова нафта, повеќе од која било друга земја во историјата, а аналитичарите очекуваат дополнително зголемување на производството во иднина, пишува oilprice.com.

Саудиска Арабија, лидер на нафтените картели ОПЕК и ОПЕК +, го зазеде второто место.

Во првата половина од годината Ријад произведуваше околу 10,2 милиони барели нафта дневно, но од јули доброволно го намали производството за еден милион барели дневно со намера да ги стабилизира цените на пазарот.

Русија, клучниот партнер на Саудиска Арабија во картелот ОПЕК +, не објави податоци за своето производство и извоз на нафта од минатата година, но се верува дека нејзиното производство е околу девет милиони барели нафта дневно.

Канада лани произвела рекордни 4,86 ​​милиони барели дневно, а аналитичарите очекуваат нејзиното производство да порасне за осум отсто до 2025 година.

Ирак е на петтото место со просечно производство од околу 4,3 милиони барели дневно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доаѓа невреме во Македонија

Во нашата Република Македонија се до петок…

Што се случува во РЕК Битола, врие…

Во моментов огромно полициско присуство има во…

Откако цела Македонија ги виде заканите кон…

Дел од родителите на починатите во трагедијата…

Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…

Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…

Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…

КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…