САД: Сериозно ги сфаќаме предупpедувањата од Pycија
САД не го променија ставот по прашањето за забрана на вооружените сили на Украина да користат американско оружје за напади длабоко на руска територија, изјави координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.
„Нема промена во нашиот пристап по ова прашање. „Не би очекувал нешто да се промени денес“, рече Кирби.
Тој исто така додаде дека САД сериозно ги сфаќаат изјавите на руското раководство за последиците од укинувањето на ограничувањата за употреба на американско оружје.
„Не реков дека не ги сфаќаме сериозно заканите на Путин. Ги сфаќаме сериозно“, рече Кирби, но нагласи дека Вашингтон при донесувањето на одлуките се води според „своите проценки“.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин најави дека употребата на западно оружје со долг дострел против Русија ќе значи директно учество на земјите од НАТО во конфликтот во Украина.
Да потсетиме, американскиот претседател Џозеф Бајден денеска треба да разговара со британскиот премиер Кир Стармер за тоа да му дозволи на Киев да користи западно оружје со долг дострел за гаѓање цели длабоко на руска територија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…
Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Мнозинството Американци и Канаѓани сметаат дека Трамп…
Мнозинството граѓани во САД и во Канада…
Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…
Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…