Салиу: Македонија полека, но сигурно станува мала Србија – во друштво со Вучиќ, Орбан и тајфата на лузери околу нив

t

Македонија полека, но сигурно станува мала Србија. Меѓународниот фактор е зафатен со поголеми прашања, а државниот врв тоа умешно го користи за да се прешалта таму каде што смета дека припаѓаме – во друштво со Вучиќ, Орбан и тајфата на лузери околу нив, кои напорно работат против Европа и во полза на Русија.
Помина една година откако имаме нова претседателка. Во текот на овие 12 месеци, таа има реализирано само четири официјални посети во странство: Казахстан, Азербејџан, Бугарија и Црна Гора.
Кај повеќето министри, првата меѓународна посета беше во Белград. Првиот кредит што го добивме – од Орбан.
Во меѓувреме, патриотски го блокираме патот кон ЕУ, бидејќи следат локални избори.
Зошто токму сега ВМРО-ДПМНЕ лансира нови напади кон поранешниот министер за надворешни работи?
Едноставно е – затоа што не очекува ново фијаско на меѓународната сцена.
Но, тоа го сака овој народ, нели? Во големо мнозинство гласаше за влада која што нема да ги изгласа уставните измени. За влада која ќе го врати името.

И така, довербата во ЕУ опаѓа, а поддршката за авторитарните режими расте.

Па, ајде јунаци – отворено направете го тоа што го посакувате. Тоа за што цел живот сонувате.

Да ја вратиме ѕвездата во знамето и грбот. И да ја вратиме државата таму каде што, според вас, припаѓа.

ФБ став на Фуркан Салиу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…

Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…

Мерц се закани со блокада на буџетот…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…

Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија

Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…

Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…

Два случаи на семејно насилство биле пријавени…