СДСМ поднесе закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министрите, ниту вицепремиерите
Пратеничката група на СДСМ поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за Владата, со кој се предвидува забрана за двојно државјанство за министрите, вицепремиерите и целиот состав на Владата, со итна примена.
Од партијата наведуваат дека со овој предлог се поставува принцип на еднаквост, односно исти правила да важат за сите избрани и именувани функционери, без исклучок.
СДСМ истовремено ги критикува најавените измени на Законот за пратеници од страна на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека тие не предвидуваат веднаш да стапат во сила, туку да важат од наредниот парламентарен состав.
„Очигледно е дека целта е да се заштитат актуелните пратеници и министри кои имаат и други државјанства. Ова е нечесно и спротивно на принципите на одговорност“, наведуваат од СДСМ.
Оттаму најавуваат дека, покрај предложените измени на Законот за Владата, ќе поднесат и амандмани на предлогот за Законот за пратеници, со цел забраната за двојно државјанство да важи веднаш и за пратениците.
„Двојно државјанство нема да има ниту пратеник, ниту избран и именуван функционер“, порачуваат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на…
По успехот кој го имаше СДС на…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…
Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…