СДСМ: Тошковски сака да ја партизира полицијата и да ја уништи кариерата и професионалноста
Денеска сме тука да предупредиме за опасниот и штетен обид на Панче Тошковски и Владата да ја партизираат и уништат полицијата како професионална служба, изјави на денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Со предложените измени на Законот за полиција, Тошковски директно удира врз кариерниот систем, го понижува знаењето и искуството и отвора вратите за масовно вработување на партиски војници и послушници на ВМРО-ДПМНЕ.
Да биде јасно:
Со измените на член 2, Тошковски предвидува за највисоките позиции да се поставуваат луѓе со несоодветно образование и без искуство на раководна позиција. Со тоа се деградира полицијата и наместо професионалци се носат советници со нејасно дефинирани улоги и заслуги.
Со член 4, се бришат критериумите за минимум 6 години искуство и 4 години раководна позиција за началник на СВР. Ова значи дека началник на СВР може да стане и човек кој вчера положил приправнички испит, односно било кој што ќе го избере Тошковски.
Со член 6, Тошковски ги укинува Регионалните центри за гранични работи и ги припојува кон СВР, спротивно на европските стандарди за контрола на границите. Уште еден чекор спротивно на препораките на ЕУ за безбедност.
Со член 12, се овозможува податоците во евиденциите да се бришат по 60 години, а не трајно, што отвора простор за манипулации и бришење траги за злоупотреби на нивните луѓе. Ова е смислена измена за да се амнетстираат оние кои Тошковкси ќе реши дека не треба да одговараат.
Со член 15, се подига возраста за вработување на 30 години, со што им отвораат простор за вработување на партиски кадри, а не млади професионалци. Уште еден удар врз младите и дополнителна можност за партизација.
И за крај најскандалозно: со бришењето на член 19, се отвора можност луѓе кои се осудени и со забрани за работа да останат во полицијата и да бидат амнестирани од одговорност.
Ова е смислен и опасен план на ВМРО-ДПМНЕ да го уништи кариерниот систем, да ја претвори полицијата во партиска милиција и да обезбеди амнестија за нивниот криминал.
СДСМ бара овие измени веднаш да се повлечат. Бараме институциите да останат во служба на граѓаните, а не на партијата.
Полицијата мора да остане професионална, со јасни критериуми, со знаење и искуство, а не со партиска книшка.
СДСМ нема да дозволи уништување на полицијата и легализација на беззаконието“, вели Кузеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…