СЕНЗАЦИЈА: Радовиш е во Суперлигата, Еурофарм Пелистер 2 испадна во Прва лига
Ракометна сензација се случи во Автокоманда, Радовиш го совлада Еурофарм Пелистер 2 со резултат од 26:27.
Атмосферата беше повеќе од одлична, а побројна беше публиката од Радовиш, која беше поддржана од верната навивачка група “Лебари Исток”.
Натпреварот започна доста неизвесно, битолчани се обидуваа да се одлепат резултатски, но противникот играше гол за гол. Меѓутоа поради неискористените шанси, Еурофарм Пелистер 2 максимално казни и на полувреме замина со предност од 14:9.
Во вториот дел Радовиш се обидуваше да се врати резултатски, но младите пелистерци не дозволуваа противникот да се доближи.
Битолчани имаа предност од пет гола, а Радовиш бркаше негатива од четири до пет гола.
Интервенции на голманот Костадиновски го враќаа Радовиш во живот, но Еурофарм Пелистер 2 одново не дозволуваше да се загрози посериозно нивната предност, па во тие моменти Радовиш дојде до негатива од два гола при 17:15.
Пелистерци одново имаа четири плус, но неколкуте напади кои не го реализираа го вратија Радовиш на минус два при 21:19, а тоа го вклучи црвениот аларм кај битолчани кои побараа тајм-аут.
Во финишот на мечот Радовиш поведе, а битолскиот тим од пенал израмни на 26:26. По истек на времето Здравко Постолов од слободен удар погоди за конечни 26:27 за ерупција во Автокоманда, Радовиш се врати во Суперлигата.
извор+фото: М Нет-ТВ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина: 600.000 домаќинства се без струја по…
Најмалку 600.000 домаќинства во Украина останаа без…
Европската комисија го поткопува јазичниот „бетон“ –…
Статусот на македонскиот јазик во Европската Унија…
Мицкоски ѝ понуди на опозицијата да се…
Европската Унија останува стратешка цел на државата…
Недостигот на дизел може да продолжи и…
Намалената понуда на дизел на светскиот пазар…
Трифонов со навреди за Македонците за случајот…
„Северна Македонија издаде меѓународна потерница по Ива…