Серија на земјотреси во Турција
Серија земјотреси, од кои најсилниот беше пет степени според Рихтеровата скала, е регистриран во Турција во околината на Елазиг во источна Анадолија.
Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала се случил во центарот на Елазиг, на длабочина од 16,22 километри.
Како што пренесува порталот Хабер 7, земјотресот бил почувствуван и во околните провинции, а жителите во паника истрчале од своите домови на улиците.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалните мрежи напиша дека сите екипи на надлежните институции се на терен, но дека нема „негативна ситуација“.
Пред и по тој посилен земјотрес, во областа Елазиг беа забележани неколку помали земјотреси со јачина од 1,1 до 2,6 степени според Рихтеровата скала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…