СЕЌАВАЊЕ: Две години од смртта на македонскиот актер Љупчо Тодоровски-Упа
Денеска се навршуваат две години од смртта на познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски-Упа кој почина на 63 годишна возраст.
Тодоровски дипломирал актерство во 1983 година во класата на проф. Љубиша Георгиевски. За време на студиите настапувал во Драмскиот театар, а по академијата, воден од творечкиот немир, предизвикот на големиот град и можноста за почесто играње на филм, заминал за Белград, каде што настапувал во повеќе филмови и театарски претстави.
Од 1997, Љупчо Тодоровски-Упа се занимавал и со театарска режија, филмска и ТВ-продукција и пишување сценарија.
Настапувал во над 30 филмови и ТВ-серии на осум јазици, има петнаесетина театарски режии, десетици улоги во проекти и во театарски куќи низ цела поранешна Југославија, како и безброј разни други сценски настапи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нафтата падна на најниско ниво од август…
Светските цени на нафтата продолжуваат да паѓаат,…
Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…
Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…
Мерц се закани со блокада на буџетот…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…
ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…