Се вљубивме пред четири години, сонуваше да стане професор: Момчето на Викторија си ја отвори душата
Нашата љубовна приказна започна пред четири години. Се запознавме преку заеднички пријатели. По неколку дружби и забави, решивме да бидеме во врска, открива Леонид Даов, момчето на 24-годишната Викторија Николова која на 20 јануари беше прегазена кај „Сити мол“.
Во искрено интервју за „Женски магазин“ тој отворено зборува за својата девојка.
„Дипломираше на филолошки факултет, отсек англиски јазик во Штип, со најголем просек во генерацијата. Беше запишана на магистерски студии. Работеше секое лето по програмата за размена на студенти во Германија. Сакаше да ги заврши магистарските студии и сонуваше да стане професор по англиски јазик. Планираше повторно работа во Германија. Во план ни беше и прво заедничко патување“, раскажува Даов, студент на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерество во Скопје, вработен како програмер во програмерска компанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
82-годишник почина по кавга за лежалка во…
Неверојатна трагедија се случила рано утрово на…
РУСКИ ДРОН УБИ СВЕШТЕНИК ВО УКРАИНСКИ МАНАСТИР…
Руски FPV-дрон удрил во манастир во селото…
ВЛЕН: Арачиново се менува со конкретни проекти…
Арачиново секојдневно се менува преку реализација на…
Американските амбасади на Блискиот Исток издадоа безбедносни…
Американските амбасади низ Блискиот Исток рано утрово…
Пијани, без дозвола и со забрани: 19…
МВР соопшти дека изминатото деноноќие, на различни…