Се заканувал со експлицитни содржини снимени без согласност на девојката: Уапсен 22 годишник од Голема Речица
Полицијата вчера уапсила 22 годишник од Голема Речица, под сомнение дека неовластено објавувал фотографии од 22 годишна девојка од Тетово и се заканувал дека ќе објави експлицитни содржини кои биле снимени без нејзина согласност.
„На 13.05.2026 во 21:55 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Љ.Н.(22) од с.Голема Речица, тетовско, постапувајќи по претходна пријава од 22-годишна девојка од Тетово дека на социјални мрежи неовластено објавувал нејзини фотографии и ја уценувал со објавување на материјали со експлицитни содржини кои претходно биле снимени без нејзина согласност“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…
Уапсени високи полициски функционери во Србија: Истрага…
Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП)…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
Уапсено уште едно лице осомничено за убиствата…
Вчера вечер е уапсено уште едно лице…