Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побарани притворски мерки за две лица кои нападнаа новинарска екипа
Постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, Основното јавно обвинителство Скопје поведе итна постапка против две лица – маж и жена за кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Постапката е поведена бидејќи двајцата физички нападнале екипа – новинар и снимател на ТВ Алсат М и ги спречиле во извршување на нивните службени задачи, односно да известуваат за настанатиот пожар во близина на отпад за старо железо.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, додека за осомничената е предложена мерка куќен притвор, бидејќи се грижи за две малолетни деца на возраст од 9 месеци и 3 години.
Мерките се предложени со цел нивно обезбедување, со оглед на тоа што освен наведеното кривично дело, обвинителството продолжува да ги истражува и причините за настанување на пожарот на отпадот во сооственост на осомничените и евентуалните опасности предизвикани врз животот и телото на луѓето, имотот и животната средина. Во таа насока во текот на вчерашниот ден и денеска се издаваат повеќе наредби и насоки за обезбедување докази.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…