Се намалува истекот на Мавровското Езеро за заштита од поплави во Полог

t

Денеска, Центарот за управување со кризи за да се заштити населението покрај Вардар во Гостиварско и Тетовско во Полог од поплава побара да се пристапи кон намалување на истекот на вода од Мавровското Езеро во реката Вардар, за време на поплавниот попладневен речен бран – наплив во горниот дел на реката Вардар, по пријавите од поројните дождови во Полог.

Тоа се реализираше преку Регионалните центри за управување со кризи Тетово и Гостивар и раководните претставници на диспечерскиот центар на ЕЛЕМ и ЕСМ подружница ХЕЦ Маврово. Потоа, во ноќните часови кога значително има и намалување на дотокот на притоките на Вардар, заради намалување на температурите, а со тоа и топењето на снегот, повторно ќе бидат вклучени исклучените делови на ХЕЦ Маврово.


Инаку согласно известувањето од Регионалниот ЦУК Гостивар од ЕСМ подружница ХЕЦ Маврово е добиена информација дека моментно работат 2 машини и водостојот е намален. После 22.00 часот е планирана уште една машина да се пушти, па 3 машини ќе работат наместо планираните 4 машини, односно целиот капацитет. Според информациите од ЕСМ подружница ХЕЦ Маврово, една машина исфрла вода 8 кубика во секунда, па после 22.00 часот од Мавровското езеро ќе истекуват вкупно до 24 кубика вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 165 загинати во разорни поплави во…

Најмалку 162 лица загинаа во Непал, а…

Силна бура зафати дел од Шпанија —…

Поплава и свлечиште предизвикани од поројни дождови…

10 години од поплавите во Скопје во…

Скопје денеска одбележува десет години од невремето…

Силна бура и поплави го погодија Чиле

Силна бура, која предизвика поплави, ги зафати…

Поплави во Бугарија, прогласена е вонредна состојба…

Во Велико Трново е прогласена вонредна состојба…