Се огласи Спасовски: Безбедноста не е загрозена, вчерашниот инцидент во „Ист Гејт“ е изолиран случај

t

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека безбедноста не е загрозена по вчерашниот инцидент во „Ист Гејт Мол“, кога е пукано врз две лица, меѓу кои и Раде Трајковски – Штеклi. Двете лица се пренесени во болница, на едниот му се констатирани тешки телесни повреди.

„Безбедноста во овој дел не е загрозена, и полициските служби постојано се на терен. Работевме во делот на безбеден град или безбедно лето, во зависност на периодот во кој се спроведуваат овие акции. Поради големината, посебен акцент е ставен на Скопје. Што се однесува до инцидентот, активно се работи на случајот, веднаш е формиран посебен штаб во МВР. Сите заеднички прибираме заеднички докази и информации заедно со ЈО, се со цел да се открие сторителот и мотивите.“, рече Спасовски.

Спасовски кажа дека криминални активности се случуваат вакви изолирани инциденти.

„Во еден град како Скопје, и во другите градови секако криминални активности се случуваат секојдневно. Работата на полицијата е да работи перманентно во подобрување на безбедноста. Не само во делот на криминалот, туку и во сообраќајот и други работи. Активности се преземаат секојдневно за разбивање на криминални групи. Но, за жал се случуваат вакви изолирани инциденти. За безбедноста придонесуваме сите, и јас, и вие и сите граѓани“, вели министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…