Се пренасочува патот Крива Паланка-Куманово, екипи на Македонија пат работат на терен
Сообраќајот на магистралниот патен правец А2 , Куманово – Крива Паланка, се пренасочува преку алтернативен пат откако беше затворен за сообраќај пред околу два часа поради големи одрони што ги зафатија двете коловозни ленти кај село Ругиннци, кај месноста викана „Ругинска кривина“.
-Екипите на Јавното претпријатие за одржување регионални патишта „Македонија пат“ се на терен, механизацијата работи интензивно, но
прекинот се уште трае, информира раководителот на секцијата на „Македонија пат“, Крива Паланка, Боби Димитровски.
Нагласи дека сите возила се пренасочуваат по алтернативен пат.
-Сообраќајот засега, со помош на службеници од Секторот за внатрешни работи и вработените во ЈП „Македонија пат“ се насочува кон стариот пат Куманово-Крива Паланка, кај Грушино, прецизира Димитровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…