Во НБРМ „будно следеле“ – Историската инфлација и губењето вредност на денарот ги разбуди

t

Инфлацијата во Македонија подолг период е повисока од очекуваното, пред неколку дена соопшти Мисијата на Меѓународниот монетарн фонд (ММФ), а Народната банка во своето соопштение напиша дека од ММФ ѝ е препорачано будно да ги следи состојбите и ако е потребно навремено да интервенира со мерки. Пред две години инфлацијата беше нула отсто, минатиот месец се искачи на 6,7 отсто, значително е повисока од инфлацијата во Еврозоната. Од 1 март цените на дел од основните намирници кои беа замрзнати поради општата и енергетската криза, ќе бидат одмрзнати, што може да доведе до посилен ифлаторен удар.

Поради пандемијата и енергетската криза инфлација повисока од проектираната има и во еврозоната, но во Македонија е со уште повисока стапка. Во земјава денарот со децении е стабилен во однос на еврото, курсот и сега се чини е стабилен, но податоците за инфлацијата внесуваат неизвесност. Затоа и ММФ ќе препорача Народната банка на Македонија да подготвува мерки доколку ваквите трендови продолжат.

Инфлацијата во земјите од Европската Унија чија национална валута е еврото имаат инфлација која се објаснува со порастот на цените на струјата, гасот, мазутот, бензинот и нафтата, како и на цврстите горива, кои пак ги качуваат и цените на другите производи.

Но во Македонија расте инфлацијата во последниот период и во јануари изнесува 6,7 проценти, а како што може да се забележи од илустрацијата, на графиконот се гледа дека и натаму е во раст, додека инфлацијата во Еврозоната е во пад. Во јануари таму изнесувала 5,1 отсто, што е значително пониско од македонската инфлација.

Стравувањата се дека одмрзнувањето на цените на повеќе производи кои се поврзуваат со основната прехранбена кошничка на едно семејство, ќе предизвика нов инфлаторен удар. На сето тоа треба да се додаде и цената на горивата, која кај бензинот надмина 80 денари по литар, додека кај нафтата доближува до 80 денари, што не било случај никогаш.

Последниот шок врз инфлацијата во јануари е и растот на цената на електричната енергија на сметките за домаќинствата од 9,4% и растот на цената на топлинската енергија за 14%, повторно како последица на енергетската криза.

Дали отсуствуваа конкретни мерки во втората половина од минатата година? Според повеќемина економисти, Владата потфрли на тој план бидејќи сметаат дека требала да ги предвиди светските енергетски текови и да ја обезбеди државата навремено со енергенси, воедно и да ги оспособи македонските електро капацитети кои се соочија со недоволно вода во акумулациите и недостаток на јаглен за ТЕЦ Битола.

Според државната статистика, цените на маслата и мастите уште во 2020 година растеа за 11%, продолжија и во 2021 година за 23,7%, и дополнително се зголемија во јануари за 1,2% (и покрај замрзнувањето).

Цените на храната, лебот и житата во 2020 година се зголемија за 3,2%, во 2021 година за 2,6%, а во јануари и покрај замрзнатите цени, дополнително се зголемија за 1,2%.

Генерално, од почетокот на пандемијата со ковид-19 (од март 2020 година до јануари 2022 година), кумулативниот раст на цените во домашната економија изнесува 8,6%, при значаен раст на цените на храната за 11% , висок раст на цените на услугите за домување од 11,6%, на цените на транспортот од 11,8% и на цените на услугите во рестораните и хотелите од 12%.

Податоците на Статистика  од почетокот на кризата со пандемијата до најновите податоци во јануари 2022 година покажуават дека населението осиромашува и дека ја носочува потрошувачката кон најпотребните прехранбени производи и кон некои услуги, како и за заштита на сопственото здравје.

Инфлацијата во Македонија всушност започна порано од инфлацијата во Еврозоната, што може да се забележи на погоре објавениот графикон,  што укажува дека генерално е производ од домашни фактори, од кои дел беа и под надврошни влијанија. Во прилог на тој податок е и фактот што Еврозоната во еден период имаше и дефлација.

Предвидувањата на ММФ се дека можеби во втората половина од годинава инфлацијата ќе започне да се намалува, но предупредува дека тоа ќе зависи од домашните мерки.

„Во согласност со глобалните трендови, повисоката инфлација веројатно ќе се задржи подолго во однос на претходните очекувања, намалувајќи се во текот на втората половина на 2022 година. Во наредниот период, Народната банка треба будно да ги следи движењата и потенцијалните ризици, нагласувајќи ја подготвеноста за реакција доколку е потребно”, вели мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Извештајот за земјава.

Извор: МКД.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Португалска компанија пронајде 10 милијарди барели нафта…

Португалската нафтена компанија Галп Енергија во неделата…

Во новиот мандат на СДСМ 1,35 милијарди…

СДСМ во новиот мандат обезбедува историски највисока…

ЕУ не успева да ги оданочува супербогатите:…

Владите на Европската Унија годишно губат 286,5…

Рекордна цена на златото

Златото на крајот на неделата достигна 2.417…

Најчевска: Почнаа наддавањата на големите партии кој…

Професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук пишува дека…