Се разгоре пожарот на Серта

t

Поладнево повторно се разгоре пожарот на планината Серта меѓу штипските села Селце и Драгоево. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов во изјава за МИА вели дека огнот е ставен под контрола и се движи кон сртот и кон воениот полигон Криволак. Посочува дека селата Селце и Драгоево не се загрозени од огнот.

Весна Сенева од регионалната подружница „Серта“ –Штип при ЈП „Национални шуми“ вели дека со помош на шест трактори на месното население направени се пресеци, за да огнот не се движи кон овие две штипски села. Но, пожарот кој денеска се активираше вели дека е поради инсектите и животните кои бегаат од опожарените места и го носат кон површини кои не се зафатени.

-Ова е мое лично мислење дека роеви од инсекти се преносители на пожарот. Тие запалени преку асфалтот летаа и имавме и личен случај тука не нападнаа инсектите. Тоа се дврдокрилци и истите го пренесуваат, бегајќи од пожарот одат во неопожарената шума и ситуацијата е таква, што сега инсектите и животните го пренесуваат пожарот. Ние го санираме, меѓутоа инсектите и животните го пренесуваат на неопожарена површина, вели Санева.

Таа додава дека еден од вработените на ЈП „Национални шуми“ забележал како запален скакулец го има проширено огнот на стрниште, има напрено опожарен круг, по што и веднаш е изгаснат. Според неа веќе треба да се размислува и како да се сузбијат инсектите, кои како искри го шират огнот. Сенева вели дека на терен се пожарникарите со две возила од ТППЕ-Штип, вработени и две возила на ЈП „Национални шуми“, имаат и три пинцгауери. Остануваат во текот на ноќта да дежураат, а во градот Штип граѓаните го чувствуваат и мирисот од чадот од планината Серта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…

ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „НВИДИА“: Директорот призна…

Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Нвидиа“,…

Брнабиќ предупреди на дестабилизација на Србија

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана…