Се разгоруава конфликтот: Полска ќе испраќа тенкови во Украина
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека неговата влада испратила тенкови во Украина.
За време на интервјуто за приватната телевизија Полсат њуз, Моравјецки беше прашан дали Полска испратила или ќе испрати тенкови во Украина. Тој одговори „да“, без да даде повеќе детали.
Тој рече дека ќе објави повеќе информации „во догледно време“, но засега нема да открие колку тенкови се испорачани од безбедносни причини.
Веќе неколку недели се шпекулира дека Полска ја снабдува Украина со тенкови „Т-72“ од советската ера. Министерството за одбрана одби да ги коментира гласините.
Моравјецки рече дека прашањето за тоа дека Полска ја снабдува Украина со борбени авиони „МиГ-29“ од советската ера сега е „затворено“. Во март, Полска соопшти дека е подготвена да ги распореди авионите во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија и да ги стави на располагање на американската војска, но Вашингтон ја отфрли понудата.
„Нема таква потреба, нема такви барања“, рече тој, на прашањето дали сè уште се размислува за испраќање авиони во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…