Се судрија воени хеликоптери на Турција, меѓу загинатите и генерал

t

Несреќата се случила за време на тренинг лет: хеликоптер Бел UH-1 се судрил со друго летало по полетувањето од аеродромот Сулејман Демирел и се урнал во областа Кечиборлу.

Гувернерот на Испарта, Абдула Ерин изјави дека во несреќата загинале пет припадници на армијата, но подоцна било потврдено дека како последица на повредите загинал и шестиот воздухопловец, пренесува турскиот портал Сабах.

Тој додаде дека меѓу загинатите е и бригадниот генерал Иса Бајдили, командант на военото училиште за летање во Испарта.

Другиот хеликоптер вклучен во несреќата слетал безбедно без повредени во него. Надлежните воени власти започнаа истрага за причините за судирот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемен број на случаи на мали сипаници…

Од почетокот на оваа година во Турција…

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…

Бројот на жртви во поплавите што ги…

Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…

Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…

Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…

По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…

Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…