СЗО потврди дека Израел ја нападнал најголемата болница во Газа
Портпаролката на Светската здравствена организација ги потврди извештаите дека Еш Шифа, најголемата болница во Појасот Газа, е „бомбардирана“ и додаде дека 20 медицински установи во енклавата целосно престанале да функционираат, објави Ројтерс.
Запрашана за тврдењето на палестинското Министерство за здравство во Газа дека израелските сили го нападнале дворот на Ал-Шифа, Маргарет Харис рече: „Не ги знам деталите за Ал-Шифа, но знаеме дека болницата е бомбардирана“. На прашањето за појаснување, таа рече дека има „интензивно насилство“, повикувајќи се на извештаи од нејзините колеги кои работат на терен.
Здравствените власти во енклавата соопштија дека израелската армија нападнала најмалку три болници таа ноќ. Многу палестински цивили се засолнети во медицински установи во Газа. Израел тврди дека ги напаѓа болниците бидејќи под нив има тунели на Хамас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија ќе го реши недостигот со увоз…
Рускиот вицепремиер Александар Новак на вчерашниот конгрес…
Хаос на лет во САД: Се запалил…
Драматичен инцидент се случил во авион на…
149 луѓе заробени на вулкан во Камчатка:…
Дури 149 луѓе останале заробени на вулканот…
(Видео) Земјотрес од 5,9 степени ја погоди…
Земјотрес со магнитуда од 5,9 степени го…
Сончево и многу топло, попладне опасност од…
Денес времето ќе биде сончево и многу…