СЗО следи случаи на „мистериозна пневмонија“ во Аргентина, има тројца починати
Светската здравствена организација (СЗО) следи неколку случаи на пневмонија од непознато потекло во Аргентина, каде што досега се регистрирани три смртни случаи.
Панамериканската здравствена организација, регионалната канцеларија на СЗО, соопшти дека десет случаи се поврзани со приватна клиника во северозападниот аргентински град Сан Мигел де Тукуман.
Негативни се сите досегашни направени тестови за познати респираторни вируси и други вирусни, бактериски и габични агенси, а властите ја отфрлаат можноста за Ковид-19, се наведува во соопштението.
Мајкл Остерхом, експерт за заразни белодробни заболувања од Универзитетот во Минесота, смета дека причината за болеста може да биде нешто што пациентите го вдишувале, бидејќи белите дробови на пациентите во голема мера се погодени од инфекцијата.
Според него, понекогаш се јавуваат „мистериозни болести“, а најчесто се објаснуваат со локални причини кои генерално немаат пандемични импликации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Марин Ле Пен е конзервативниот глас…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, оцени дека лидерката…
ЕУ бара Маск да ги врати неограничените…
Европската Унија ги оцени како длабоко загрижувачки…
Виткоф: постигнат дипломатски напредок во напорите за…
Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф, по денешната…
Првични извештаи за засилена активност на израелската…
Засилена активност на израелското воено воздухопловство е…
(Видео) Голем пожар на дива депонија меѓу…
Голем пожар избувна на дива депонија лоцирана…