Силјановска не оди на закажани митинзи и средби со граѓани, пред ден, два била најавена, но не се појавила

t

Противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова отсуствува од закажани митинзи и средби со граѓани во сопствената кампања за претседател на државата, кажа кандидатот за претседател Стево Пендаровски на средба со граѓаните на Демир Капија.

-Пред ден, два била најавена противкандидатката, дали дошла? Не дошла. Каде што ќе видите дека Стево Пендаровски е најавено да дојде, јас навистина доаѓам, а наместо противкандидатката доаѓаат други. Не одлучува никој за мене, ниту толкува“ порача Пендаровски.

Тој истакна дека таквото бегање од соочување со граѓаните не доликува на некој кој претендира за највисоката функција во државата.

-Ние сме сега влезени во трка формално за највисока функција во државата. Според Устав претседателот на државата е и врховен командант на вооружени сили. Тоа значи нема повисоко од тебе. Кога ти уште во кампања носиш други луѓе да зборуваат наместо тебе, па како утре ќе бидеш претседател? Еве ти даваме власт, ти даваме позиција, тие двајца што дошле да зборуваат, тие ли ќе бидат претседатели во сенка? А, ти само ќе бидеш кукла или во излог ставен и ќе викаш „јас сум претседател ама што викаат слика има, тон нема.“ Не сакам да шпекулирам за мотивите, ама јасно ми е. Тоа е исто како јас да кажам дека имам неколку другари овде и соработници кои се со мене со години и да речам сега „за ова прашање момент тој ќе ти одговори.“ Не ја бива таа работа. Или си претседател или не си, рече Пендаровски пред граѓаните на Демир Капија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен…

Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна…

Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…

Јанев за бегството на Ива Михаилова: Работиме…

Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска на…

Благодарница за министерот Ристовски за поддршката и…

Во име на организаторите на Скопскиот маратон,…